СЗО – Светска здравствена организација
Мандат:
агенција на ОН специјализирана за прашања од областа на здравството, чија цел е остварување највисоко можно ниво на здравје на сите луѓе.
Присутни се во земјата од: 1994
Накусо: ја поддржува Владата во планирањето и спроведувањето на процесот на реформи на полето на здравството.
работи во насока на остварување највисоко можно ниво на здравје на сите луѓе, кое е дефинирано во Уставот на СЗО како состојба на целосна физичка, ментална и социјална благосостојба, а не само отсуство на болест и здравствени проблеми.
заедно со Мнистерството за здравство работи на спроведување на програми во следните области: - развој на здравствените политики и систем
- надзор на преносливи болести
- ментално здравје и злоупотреба на супстанци
- здравје на мајки и деца (вклучително и подигнување на свеста за родови прашања)
- средина и здравје (со нагласок на професионални заболувања)
- подготвеност за катастрофи и одговор на истите
- безбедност на храната
- ХИВ/СИДА
- инвалидитет
и помага на Владата во развојот на национални стратегии и акциски планови за: генерална здравствена политика, ментално здравје, апотекарство, медицинска грижа, ХИВ/СИДА, контрола на консумирањето тутун и алкохол, животна средина и здравје, храна и исхрана, и туберкулоза.
обезбедува техничка поддршка при решавањето широк спектар прашања од областа на здравството, како имунизација, вакцинација на новороденчиња против хепатитис Б, искоренување на полиомиелитисот, кампањи против предрасуди насочени кон вклучување на различните ранливи групи и промоција на голем број активности за “здрав живот”.
има спроведено голем број различни обуки во земјата во текот на изминатите години, вршејќи истовремено и регионални и меѓународни активности со цел да се поддржи процесот на изградба на националните професионални капацитети. | За контакт: |
| Kанцеларија на СЗO |
| Адреса: Мирка Гинова бр. 17 б 1000 Скопје |
| Тел: +389 2 3064 299 |
| Факс: +389 2 3063 710 |
| Eл.пошта: office@who.org.mk |