
Членовите на тимот на Обединетите нации во земјата работат да помогнат зајакнување на локалните и регионалните власти да ги преземат своите одговорности..
Тие поддржуваат:
За да помогнат во надминување на фискалниот дисбаланс помеѓу руралните и урбаните, како и помеѓу малите и големите општини, тимот на Обединетите нации во земјата ги јакне капацитетите на националните и општинските институции за потранспарентно, предвидливо и одржливо локално финансирање. Преку јавно-приватно партнерство, аутсорсирање и соработка помеѓу општините, се создаваат и спроведуваат иновативни решенија за ефикасно и квалитетно обезбедување на услуги, кое ги вклучува информатичките технологии.
Со цел намалување на разликите помеѓу и во рамки на регионите, тимот на Обединетите нации во земјата поддржува низа услуги кои го зајакнуваат креирањето политики и капацитетите за набљудување и оценување во однос на политиките за регионален развој, како и кои ги унапредуваат капацитетите на регионалните власти за спроведување на националната легислатива. Оваа сеопфатна поддршка има за цел да помогне да се осигура простор за секој да го каже своето мислење, вклучително и најранливите. Програмите се дизајнирани да овозможат ефикасна употреба на регионалните механизми за политики на ЕУ.
На крајот, тимот на Обединетите нации во земјата помага да се воспостави функционален систем за дијалог помеѓу заедниците, преку зајакнување на капацитетите на локално и национално ниво и промовирање на мултикултурен граѓански идентитет. Заедничките програми ги унапредуваат капацитетите на централните и локалните тела за инклузивни процеси за разрешување на проблемите и постигнување на консензус во врска со приоритетите на заедницата. Тимот на Обединетите нации во земјата ја поддржува долгорочната улога на образованието и работи со локалните лидери, граѓанското општество и медиумите за да поттикне конструктивен граѓански дијалог кој промовира мирен соживот.