Home » Области на работа » Општествено вклучување

Општествено вклучување

files/img/areas/social_inclusion/article_image001.jpg

Националниот развоен план 2008-2013 ја става социјалната инклузија во фокусот на успешното спроведување на развојната агенда и пристапот кон ЕУ.

За да се оствари тоа, ОН ги поддржува исклучените луѓе да ги подобрат своите животи преку поголем број можности и зголемен пристап до квалитетни услуги.

Нашиот фокус е развивање на способностите на исклучените луѓе, поддршка на Владата во зајакнување на политиките и институциите кои допираат до луѓето на маргините, како и промовирање на донесување одлуки кои се инклузивни и засновани на докази.

Развивање на човечките ресурси

ОН се фокусира на создавање сеопфатни напори за зголемување на вработеноста. ОН им помага на најранливите да ги зголемат своите претприемачки вештини, во исто време зголемувајќи ги можностите за развој на приватниот сектор. Во меѓувреме, локални, општински иницијативи им помагаат на бегалците и странците да се интегрираат.

Во областа на образованието, активностите им даваат приоритет на децата од руралните области и Ромите да ги подобрат своите вештини. ОН исто така обезбедува помош за реформа на образовната политика и воведување нови наставни програми.

Подобрен пристап до услугите преку зајакнати политики и институции

Во оваа област, ОН и помага на Владата да ги развива политиките и институционалните капацитети, со што ќе влијае врз намалување на нееднаквиот пристап до квалитетни услуги. Целта е да се реформираат политиките и стандардите за услуги во здравството и социјалната заштита, особено во однос на семејното насилство, сексуалното и репродуктивно здравје, ХИВ/СИДА, малолетничка правда, миграција и трговија со луѓе.

Промовирање на креирање политики засновани на докази

Фокусот исто така е ставен на подобрување на статистиката поврзана со социјалната инклузија. Ова вклучува осигурување дека потребите на најранливите, особено децата, жените и социјално исклучените се рефлектирани во процесите на креирање политики и раководење со јавните финансии. Известувањето за меѓународните обврски исто така е приоритет.

Партнери на ОН