Едно
од најголемите достигнувања на Обединетите нации беше создавањето на сеопфатно
тело за законодавство поврзано со човековите права.
Ова тело дефинира широк спектар на меѓународно прифатени права и поставени механизми за човекови права, кои имаат за цел да ги промовираат и заштитат овие права, како и да им помогнат на владите во спроведување на нивните одговорности кои произлегуваат од меѓународните закони за човекови права.
Земјата има ниско ниво на појава на ХИВ. Но, студии за однесувањето покажуваат дека некои од клучните популациони групи (интравенозни корисници на дрога, мажи кои имаат сексуални односи со мажи, сексуални разботници и затвореници) се под најголем ризик за пренесување на ХИВ преку вклучување во високоризични однесувања