За нас

Што правиме

Обединетите нации го поддржуваат највисокиот национален приоритет за пристап кон ЕУ преку три области: социјална инклузија, заштита на животната средина и локално владеење и територијален развој. Останатите теми кои се провлекуваат низ севкупната работа на ОН вклучуваат: човекови права, создавање на меѓуетничка кохезија, родова еднаквост и подобрување на координацијата на помошта.

Како работиме

Рамката за развојната поддршка на Обединетите нации дава преглед на работата на ОН во земјата.

 
Рамка за развојна поддршка на Обединетите нации (УНДАФ) - 2010-2015

Опертивните активности на Обединетите нации се изведуваат на барање и во согласност со политиките и приоритетите на Владата..

ОН ги координира своите активности преку тимот на Обединетите нации во земјата и преку меѓу-агенциски работни групи под трите теми: социјална инклузија, заштита на животната средина и локално владеење и територијален развој. Напредокот се мери преку следење на клучни показатели. Дополнително, тематските групи на Обединетите нации за ХИВ/СИДА и Човекови права и родови прашања исто така придонесуваат за посеопфатен пристап.

Таму каде што тоа е можно, ОН заеднички спроведува проекти за подобрување на кохерентноста, одржливоста, ефективноста и ефикасноста на резултатите од развојот. Во моментов, ОН спроведува две заеднички програми: Подобрување на меѓуетничкиот дијалог и соработка и Заштита од семејно насилство.

Постојаниот координато на ОН е овластен претставник на Генералниот секретар на ОН за развојни оперативни активности. Постојаниот координатор преку тимот на Обединетите нации во земјата ги обединува сите организации на системот на ОН кои работат на прашања поврзани со развојот, без оглед на нивното формално присуство во земјата, со цел да се подобри ефективноста и ефикасноста на оперативните активности на ОН во земјата.

Обединетите нации работат со широк спектар на владини, невладини и меѓународни партнери и со приватниот сектор

Кои сме ние

Организации на ОН кои имаат активности во земјата се:

 

Дополнително, Bretton Woods институциите, Светска банка и Меѓународен монетарен фонд, исто така имаат канцеларии во земјата.

Партнери на ОН