Home » Области на работа » Заштита на животната средина

Заштита на животната средина

files/img/areas/environmental_protection/article_image001.jpg

Членовите на тимот на Обединетите нации во земјата ги поддржува националните капацитети за реализирање на обврските според меѓународните договори поврзани со животната средина и за да се осигура развој кој не и штети на  животната средина, кој ја дава основата за почитување на построгите ЕУ директиви за заштита на животната средина. Тие исто така помагаат да се осигура дека заедниците и граѓанските организации поефективно учествуваат во заштитата на животната средина и планирањето, имплементацијата и набљудувањето на заштитата на животната средина и намалувањето на ризикот од катастрофи. Генерално, тие поддржуваат низа прашања поврзани со животната средина и на ниво на политики и на ниво на имплементација, што вклучува: (1) борба против климатските промени; (2) управување со екосистемите и биодиверзитетот, вклучувајќи намалување и справување со индустрискиот отпад и загадувањето.

Агенциите на Обединетите нации работат да осигураат дека националните политики подобро им пристапуваат на мерките поврзани со прилагодувањето кон климатските промени и дека истите одговараат на предизвиците на климатските промени. Пилот-мерките се очекува да го зајакнат спроведувањето на енергетски ефикасни практики во градежниот и индустрискиот сектор. Бројни проекти за механизми за чист развој придонесуваат кон намалување на емитувањето на гасови кои создаваат ефект на стаклена градина, но исто така придонесуваат и за пошироки прашања поврзани со одржливиот развој и намалувањето на сиромаштијата. Во овој контекст, се практикува територијалниот пристап кон климатските промени, што вклучува: проценки за ранливоста, проценка на влијанието, можни политики и интегрирани територијални планови, кои и овозможуваат на земјата влез во „зелената економија“

За да се зајакнат националните капацитети за управување со екосистемите и заштита на биодиверзитетот, се нуди поддршка во процесите на планирање, финансирање и управувачки практики во заштитетите подрачја за да се остварат националните и меѓународните обврски. Научното знаење и пристапите на добро управување се комбинираат во јасни политики и напатствија за намалување на загубата на биодиверзитетот, подобрување на екосистемите и зголемување на социјалните, економските и културните услови неопходни за одржливост на животната средина. Особен акцент им се дава на меѓуграничните прашања, вклучувајќи демонстрирање на добри модели за меѓугранично управување со водите, како и овозможување на шема за заедничко управување со меѓуграничен биосферски резерват.

Понатаму, тимот на Обединетите нации во земјата поддржува зајакнување на капацитетите на националниот систем за управување со ризици, преку подобрена проценка на ризиците, подготвеност и управување, како и пилотирање на системи за управување со ризици на локално ниво. Преку интервенции на јавниот со приватниот сектор за чистење и рехабилитација на две наоѓалишта за руда, беа создадени модели за намалување на ризикот при справување со негативните ефекти врз животната средина како резултат на рударска активност. Овие активности исто така ја зајакнаа и регионалната соработка за справување со прашања поврзани со меѓуграничното загадување од индустриски и рударски активности.

Партнери на ОН